Tuesday, February 27, 2024
14.8 C
Skopje
spot_img

Зеленски: Време е руската војска да бега, ако сака да преживее

-Реклама-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика руската војска да се повлече пред големата офанзива што Киев ја започна близу Херсон во јужниот дел на земјата. Како што истакна, Украина ќе си ја врати својата територија. Русија тврди дека овој противнапад е безуспешен.

Јужната команда на Украина соопшти дека нејзините трупи почнале офанзивна акција во неколку правци, вклучувајќи ја и областа Херсон, северно од полуостровот Крим, што Русија го присвои од Украина во 2014 година.

– Ако сака да преживее, време е руската војска да бега. Одете си дома, Украина си го враќа своето, нагласи Зеленски во ноќното обраќање до јавноста.

Според советникот на украинскиот претседател, Алексиј Арестовиќ, руската одбрана е „пробиена за неколку часа“.

Тој наведе дека украинските сили гранатирале руски линии за снабдување на западниот брег на Дњепар во областа Херсон.

Руски медиуми пишуваат дека руското Министерство за одбрана соопштило оти украинските трупи се обиделе со офанзива во областите Николајев и Херсон, но, имале значителни загуби.

Проруските власти во Нова Каховка тврдат дека градот останал без вода и струја, по украинското гра натирање.

При гранатирањето на Николајев, град под украинска контрола и покрај руското бомбардирање, загинаа најмалку две лица, повредени се околу 24, а урнати се и куќи, информираа вчера официјални лица и сведоци.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

Зеленски: Време е руската војска да бега, ако сака да преживее

Реклама

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

- Реклама -

ПОПУЛАРНО