Monday, March 4, 2024
9.8 C
Skopje

ПОЛИЦИЈАТА ПУКАШЕ ВО ДЕМОНСТРАНТИ: Најмалку 11 загинаа кога полицијата отвори оган врз демонстранти во Мадагаскар

-Реклама-
-Реклама-

Најмалку 11 лица го загубија животот на Мадагаскар кога полицијата отвори оган врз демонстранти, кои бараа од властите да им предадат четворица осомничени за киднапирање дете со албинизам и убиство на мајка.

Околу 400 незадоволни граѓани се собраа пред полициската станица барајќи да се пуштат осомничените за да се пресметаат со нив.

Полицијата одби и употреби солзавец за да ги растера насобраните лица. Но, кога толпата продолжи да напредува кон станицата, полицијата отвори оган.

„Полицајците се обиде да се избегне конфликт или насилство“ и постави безбедносен периметар околу станицата, според соопштението на полицијата.

„На насобраните граѓани им е кажано дека може да се разговара со цел да се спречи крвопролевање“, пишува во соопштението.

Оттаму посочуваат и дека многумина со себе носеле големи мачети и друг вид оружје.

Кога почнале да фрлаат камења кон полицијата, таа отворила оган.

Пратеникот од областа Иконго и потпретседател на Националното собрание на Мадагаскар, Жан Брунел Разафинцијандраофа, изјави оти мисли дека демонстрантите не биле вооружени. (МИА)

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

ПОЛИЦИЈАТА ПУКАШЕ ВО ДЕМОНСТРАНТИ: Најмалку 11 загинаа кога полицијата отвори оган врз демонстранти во Мадагаскар

Реклама

Најмалку 11 лица го загубија животот на Мадагаскар кога полицијата отвори оган врз демонстранти, кои бараа од властите да им предадат четворица осомничени за киднапирање дете со албинизам и убиство на мајка.

Околу 400 незадоволни граѓани се собраа пред полициската станица барајќи да се пуштат осомничените за да се пресметаат со нив.

Полицијата одби и употреби солзавец за да ги растера насобраните лица. Но, кога толпата продолжи да напредува кон станицата, полицијата отвори оган.

„Полицајците се обиде да се избегне конфликт или насилство“ и постави безбедносен периметар околу станицата, според соопштението на полицијата.

„На насобраните граѓани им е кажано дека може да се разговара со цел да се спречи крвопролевање“, пишува во соопштението.

Оттаму посочуваат и дека многумина со себе носеле големи мачети и друг вид оружје.

Кога почнале да фрлаат камења кон полицијата, таа отворила оган.

Пратеникот од областа Иконго и потпретседател на Националното собрание на Мадагаскар, Жан Брунел Разафинцијандраофа, изјави оти мисли дека демонстрантите не биле вооружени. (МИА)

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

- Реклама -

ПОПУЛАРНО