ВИСТИНСКИ ХОРОР: ДЕДО ГО СПРЕЧИ СИЛУВАЊЕТО НА СВОЈАТА ПЕТГОДИШНА ВНУКА – ГРОМОРОЗЕН ЧИН КОЈ ЈА ПОТРЕСЕ АМЕРИКА

0
860
Foto: Printscreen/Instagram/StratcomCentre


Мажот првично и рекол на полицијата дека панталоните случајно му паднале кога станал, но подоцна признал дека сам ги соблекол.

Дедото на 5-годишно девојче го удрил вереникот на својата ќерка откако открил дека ја злоставувал неговата внука, соопшти полицијата во Пенсилванија.

Дедото на 24 август се движел покрај спалната на својата внука и ја видел како седи во скутот на Арон Кунагин (22), што мислел дека е чудно.

Сепак, на почетокот не помислил дека е нешто посериозно, се вели во судските документи.

Меѓутоа, кога забележа дека нејзината соба е премногу тивка, се вратил назад и го видел Кунагин во аголот од собата помеѓу креветот и креветчето на девојчето, со спуштени панталони, каде приметил дека и неговата внука била без панталони, според судските документи.

Дедото тогаш одлучил да реагира и го удрил вереникот на неговата ќерка, пред да повика полиција, која набрзо пристигнала и го уапсила напаѓачот.

Тој првично наводно и рекол на полицијата дека панталоните случајно му паднале кога станал, но подоцна признал дека ги соблекол.

– Само се прашував дали навистина треба да го направам тоа или не – им рекол на властите, а мајката на девојчето наводно рекла дека слични инциденти се случиле и претходно во пет наврати, што Кунагин го негираше.

Кунагин е обвинет, меѓу другото, за силување и напад на деца.

Тој е притворен откако не платил кауција од 150.000 долари. Рочиштето е закажано за 7 септември.

republika.rs