Протест пред Кривичниот суд ќе се одржи во петок кој е организар од страна на Леонид Даов, повреденото момче во сообраќајката кај „Сити мол“, каде загина 24-годишната Викторија.
„ Почитувани,
После пресудата од 11.04.2022 на Основниот Кривичен Суд Скопје, Викторија и Леонид не ја добија пресудата која е правична и праведна!
Немаме владение на правото, немаме спокој на душите!
Имаме граѓанско право да го кренеме својот глас и за Викторија, но и за сите жртви на сообраќајно насилство и неправедно пресуди!
Да ја разбудиме свеста, да бидеме гласот на покојните и гласот на жртвите!
Да кажеме СТОП НА ЛОШИТЕ ПРЕСУДИ И СТОП НА СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО!
На 15.04.2022 (петок) од 10:00 до 11:00ч Ве повикувам пред Основен Кривичен Суд Скопје да го искажеме нашиот револт и да го запреме крварењето по улиците и пешачките премини ширум државата!“- стои во објавата.
ПРАВДА ЗА ВИКТОРИЈА!- Во петок ќе се протестира пред Кривичен суд Скопје