

На 12.04.2022 во 19.15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар – село Чегране, патничко возило „фолксваген“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(19) од Гостивар излетало од патот.



Во несреќата Б.З. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатниците Ј.И.(20) и двајца малолетници, сите од Гостивар, се здобиле со телесни повреди констатирани во болницата во Гостивар.



Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.