

Инфективната клиника во Скопје ќе биде затворена две недели поради целосна дезинфекција на објектот, изјави директорката на оваа клиника, д-р Милена Стевановиќ.



-Ќе се направи сериозно чистење, стерилизација, дезинфекјција на душеци, перници, медицинскиот мебел, се она што е простор, ѕидови и подови итн., ќе се направат и некои диполнителни процедури кои ни се рутинска потреба која не можевме да ја направиме поради бројот на пациенти – рутинско проверување на противпожарните апарати, дополнување на сензорите за пожар, кои малку заостанаа во овој период.



Ова ќе биде добредојдено и за персоналот кој две години конкутинуирано е под атакот на КОВИД-19, ќе биде добро сите ние да земеме малку душа. Но она што е главно е комплетно да ја подготвиме клиниката за евентуално нов бран и очекување пацинети, рече Стевановиќ за ТВ Телма.



Сите пациенти кои се моментално присутни и оние кои ќе имаат потреба од инфектолози ќе бидат пренасочени во болницата „8 Септември“



Извор telma.com.mk