

СОНК продолжува со штрајк во училиштата и градинките и во наредните денови, но продолжуваат и преговорите со Министерството за образование и наука (МОН).



Членовите на СОНК во училиштата и детските градинки од понеделникот се во штрајк, поради барањето за зголемување на платите.



Претседателот на СОНК Јаким Неделков изјави дека очекуваат до вечерва односно утре до 12 часот да имаат понуда за да можат да ја дистрибуираат, да соберат повратни информации и евентуално Советот на СОНК да донесе одлука и да има време да се објави дека од понеделник ќе продолжи наставата или, како што рече, ќе кажат дека нема решение и Советот не ќе може да ја смени одлуката затоа што членството не ја прифаќа понудата и ќе мора да продолжи штрајкот.



Тој апелира дека треба побрзо да се најде решение за да се врати нормалниот тек во училиштата и во градинките.