Friday, February 23, 2024
13.8 C
Skopje
spot_img

Словенија ќе испорача тенкови за Украина, за возврат од Германија ќе добие тешки товарни возила

-Реклама-

Словенија и Германија договориле испорака на словенечки тенкови за Украина, а за возврат словенечката армија од Бундесверот да добие тешки товарни возила, соопшти денеска Кабинетот на словенечкиот премиер.

Според соопштението, тоа денеска во телефонски разговор го договориле словенечкиот премиер Роберт Голоб и германскиот канцелар Олаф Шолц. Со договорот е предвидено Словенија да испорача 28 тенка „М55С“ за Украина, за што од Берлин ќе добие 35 тешки камиони и осум цистерни (8х8).

Кабинетот на премиерот Голоб соошти дека договорот е склучен „во духот на солидарноста со украинскиот народ” кој се бори против руската агресија, а размената „ќе ја зајакне и одбранбената соработка меѓу Словенија и Германија“.

Пред неколку месеци Словенија и Германија преговараа за можноста Љубљана да донира тенкови „М84“ на Украина, а за возврат да добие помодерни тенкови од Германија, но таков договор се уште не е постигнат.

Словенечкиот и германскиот лидер разговарале и за енергетската криза и за ситуацијата во Западен Балкан, при што ја поддржале европската перспектива на земјите од таа област. (МИА)

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

Словенија ќе испорача тенкови за Украина, за возврат од Германија ќе добие тешки товарни возила

Реклама

Словенија и Германија договориле испорака на словенечки тенкови за Украина, а за возврат словенечката армија од Бундесверот да добие тешки товарни возила, соопшти денеска Кабинетот на словенечкиот премиер.

Според соопштението, тоа денеска во телефонски разговор го договориле словенечкиот премиер Роберт Голоб и германскиот канцелар Олаф Шолц. Со договорот е предвидено Словенија да испорача 28 тенка „М55С“ за Украина, за што од Берлин ќе добие 35 тешки камиони и осум цистерни (8х8).

Кабинетот на премиерот Голоб соошти дека договорот е склучен „во духот на солидарноста со украинскиот народ” кој се бори против руската агресија, а размената „ќе ја зајакне и одбранбената соработка меѓу Словенија и Германија“.

Пред неколку месеци Словенија и Германија преговараа за можноста Љубљана да донира тенкови „М84“ на Украина, а за возврат да добие помодерни тенкови од Германија, но таков договор се уште не е постигнат.

Словенечкиот и германскиот лидер разговарале и за енергетската криза и за ситуацијата во Западен Балкан, при што ја поддржале европската перспектива на земјите од таа област. (МИА)

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

- Реклама -

ПОПУЛАРНО