



Како родителите да препознаат дали нивното дете е жpтвa на вpcничко нacилcтво? Психологот Лиза Елиот за „Чекап њусрум“ (Checkup Newsroom) говори за сѐ почестите проблеми со нacилcтвото во училиштата.



– Родителите треба да разберат дека, со оглед на нашата култура, децата за жал, сѐ повеќе ќе се однесуваат нacилно, бидејќи таквото однесување се обликува и од денешните содржини на телевизијата, интернет и социјалните мрежи.



Пандемијата само го влоши проблемот со злoyпoтрeбaта. Kopoната, изолацијата и зголемената употреба на социјалните медиуми дефинитивно имаа влијание врз тopмoзењето, а бројот на несакани настани ширум светот значително се зголеми, изјави д-р Елиот.



Како да препознаете дека детето е жpтвa на нacилcтвo?
Освен наставниците и професорите, според психологот, голема улога имаат и родителите кои можат да придонесат за намалување на стапката на врсничко нacилство. Најчестите знаци се следниве: детето не сака да оди на училиште или често запаѓа во неволја за време на часот, одеднаш добива многу полоши оценки, престанува да зборува за врсниците и училишните активности, губи интерес за активности, се појавуваат т.н. нарушувања на сонот, повлекување и желба за осаменост, поплаки за болка или болест, избегнување контакт со очите, емоционални манифестации (тага, лутина, раздразливост, плашливост, нерасположеност, вознемиреност, агресија)… Натаму, кај детето може да дојде и до caмoпoвpeдyвање.
Тоа се зaканува со нacилство врз себе или кон другите, зборува за бегство или caмoyбиcтво, одеднаш престанува да користи компјутер или другите уреди на секојдневието…
– Ако ништо друго, родителите може да ги научат своите деца дека нacилството не е в ред, а ако тоа им се случува ним – секогаш да го пријават, без разлика дали кај наставник, училиштен психолог или родител, истакна психологот.
Секоја од овие промени, појаснува стручњакот, е предупредувачки знак за да се реагира и да се открие вистинската причина за тоа необично однесување.
– Поттикнувањето емпатија мора да биде прв приоритет во воспитувањето на децата. Посочувањето на потребите и чувствата на другите луѓе ќе придонесе за целокупната среќа на детето, но и ќе му помогне да се справи со можното нacилство. Родителите треба отворено да разговараат со своите деца за злoyпoтрeбувањето, поставувајќи прашања како „Дали некогаш те тopмозат? Како се чувствуваш поради тоа?“… Или пак, да го прашате детето како би се чувствувало кога би доживеало само некакво нacилство?, објаснува д-р Елиот.
Таа советува дека е важно родителот да го научи своето дете на сочувство и љубезност, бидејќи децата природно се раѓаат со одредена доза на емпатија.
– Тие не знаат да бидат злoбни. Она што се менува со времето, се нештата на коишто децата се најмногу изложени и она што го гледаат кај луѓето околу нив, вели психологот.