Sunday, September 24, 2023
18.8 C
Skopje
HomeМАГАЗИНБeгалка од Укpaина сака да ја претставува Шведска на „Евровизија“

Бeгалка од Укpaина сака да ја претставува Шведска на „Евровизија“

-Реклама-

Украинка, 17-годишна девојка, е меѓу натпреварувачите за претставувањето на Шведска на „Евровизија“ следната 2023 година, во Ливерпул, објави телевизијата „СВТ“.

-Дојдов во Шведска пред осум месеци со мајка ми поради војната во мојата земја… Мојата песна ќе ви ја раскаже мојата приказна. Песната е насловена „Никогаш не се откажувај“, рече Марија Сур во видеопораката.

Таа непосредно пред руската инвазија во февруари учествувала на натпреварот „Гласот на Украина“ и нагласи оти е благодарна што учествувала на шведскиот „Мелодифестивален“. Објавена е првата половина од натпреварувачите, а втората од списокот, треба да биде објавена утре.

Со шест победници, Шведска е една од најуспешните земји на „Евросонгот“.

Марија Сур ќе пее во вториот прелиминарен круг во Линкопинг на 11 февруари.

Украинскиот „Калуш оркестар“ победи на овогодишниот „Евросонг“-натпревар во Торино, Италија. Англискиот град Ливерпул се појави како домаќин на настанот во 2023 година, оти безбедносните услови во Украина не се задоволителни.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
- Реклама -

ПОПУЛАРНО

Бeгалка од Укpaина сака да ја претставува Шведска на „Евровизија“

Реклама