



Пејачката Наташа Беквалац е една од најубавите жени на српската сцена, а за нејзиниот изглед заслужни се редовните тренинзи и исхрана.



Пејачката, која сега има помалку од 60 килограми, своевремено на Инстаграм го сподели својот план за исхрана, а еве што можете да јадете.



Што можете да јадете: сите видови месо (освен масно свинско, но може да се користи и чисто свинско), млечни производи со што е можно помалку јаглени хидрати (не претерувајте со храна како фета сирење, јогурт, урда), зеленчук ( сè зелено: зелка, зелена салата, краставица, карфиол, брокула, кромид, домат, тиквички, спанаќ), јајца од секаков вид, јаткасти плодови (грст дневно), водата е многу важна во текот на денот (2,5л на ден).



Не смеете да јадете: никакво пециво, овошје освен во недела, компири, соја, грав, боранија, тестенини, грашок, ориз, грицки, слатки, сокови.



Доколку сакате десерт, посегнете по една лажица мед или интегрален бисквит.



За еден месец можете да изгубите најмалку 10 килограми, во некои случаи и повеќе. Оваа диета на најдобар начин ги напаѓа мастите, притоа зачувувајќи ја мускулната маса.