






Кемал Муриќ од приватниот превозник „Слобода превоз” вели дека нема да се тргнат блокадите додека нема напредок за излез од состојбата.



– Како што најавивме денеска автобусите се паркирани и ќе бидат тука се додека нема напредок од состојбава, односно да не викнат на разговори и да се договориме за динамиката за исплата на заостанатиот долг, да продолжат неделните уплати за да можеме да се вклучиме на линија се со цел да не трпат граѓаните, рече Муриќ.



На прашањето за новиот јавен повик за поединечно аплицирање на возачите, тој рече дека тоа е обид за разбивање на единството на привстните автобуски превозници.



На протестот со блокадите низ градот Скопје се автобуските превозници од двете компании, „Слобода превоз“ и „Макекспрес“.



МВР информираше дека посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. „Илинден“ – од крстосницата на бул. „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“, до крстосницата од бул.„8 Септември“ и бул. „Илинден“ – крстосницата од ул. „11 Октомври“ и бул.„ Кочо Рацин“ (Црвен крст) и крстосницата од бул. „Гоце Делчев“ и бул. „Крсте Мисирков“ (Судска палата).