Се ближи празничниот период, а секоја година кога треба да ги посетиме пријателите и семејството, сфаќаме дека немаме идеја што да им подариме.
Како и обично кога станува збор за купување подароци, секој од нас има различно разбирање за тоа што треба да им купи на домаќините, а додека порано ова значеше вино, кафе, шеќер, денес многумина се свртуваат кон попрактични подароци како чоколадите и бомбониери.
Црквата не поддржува славенички подароци, но советува доколку не сакате да одите на гости „со празни раце“, тоа да бидат практични и употребливи подароци кои ќе му бидат од корист на домаќинот.
Се верува дека не треба да се обвинуваат гостите ако дојдат без подароци, а домаќините не треба да се обвинуваат ако славеничката трпеза е скромна. Најважно е да дојдете кај домаќинот со добри и искрени желби.