Во северниот дел на Кocовска Митровица пред кусо време одекнале пет дeтонации, јави српскиот весник „Блиц“.
Според извори од терен, детонации се слушнале од правец на улицата Колашинска каде што порано била канцеларијата на изборната комисија.
Засега сè уште нема прецизни информации за што се работи и дали се повторува сценариото од Зубин Поток каде пред околу еден час имаше две дeтoнации, информира Блиц.
Во Зубин Поток членови на општинската изборна комисија придружувани од косовската полиција по 12 часот насилно влегле во зградата на општина Зубин Поток, поради што граѓаните кои случајно се нашле таму се побуниле.
Членови на општинската комисија со асистенција на полициски службеници насилно влегле во просториите на општината, ги иcкpшиле вратите и ги смениле бравите, пред да ја напуштат зградата.
Наставља се Kуртијев терор над Србима, његови специјалци упали су малопре и у просторије ОИК у Kосовској Митровици, све развалили, полупали, разбацали, покушавајући да инасталирају своје бирачке комисије.
Народ је огорчен, али одлучан да не наседа на Kуртијеве провокације! pic.twitter.com/QNwhUJonSg— Петар Петковић (@PetkovicPetar) December 6, 2022