Се верува дека таквиот пијалок ја омекнува сувата, напорна кашлица, ја раствора флегмата, стимулирајќи го исфрлањето на флегмата и го олеснува искашлувањето. Има антисептично антиинфламаторно дејство, придонесува за побрзо закрепнување.
Млеко со жалфија против кашлица – рецепт
Состојки:
250 мл млеко (по избор, може да биде од растително потекло)
1 лажица чај од лист од жалфија
1 лажичка путер
1 лажичка мед
Половина до 1 лажичка куркума
Подготовка:
Истурете 250 мл млеко во тенџере, додадете 1 лажица чај од лист жалфија, а потоа оставете да зоврие на тивок оган.
Штом млекото зоврие, веднаш тргнете го од шпоретот. Во оваа смеса додадете 1 лажичка путер, покријте и оставете да отстои околу 15 минути.
После тоа треба да се процеди течноста и да се додадат 1 лажичка мед и една кафена лажичка куркума (за деца – половина лажичка) и да се измеша.
Оваа мешавина треба да се пие целосно, половина час пред спиење.
Мирна ноќ без напорно кашлање е загарантирана.
Можете да го подготвувате неколку дена, додека не почувствувате олеснување и лесно искашлување на слуз од бронхиите.
Рецептот може да го користат и деца и возрасни.