Стефан Ѓуриќ Раста вели дека ослабел 20 килограми благодарение на зготвената храна! Раперот смета дека клучот за добра линија е да јадете домашно приготвени оброци и тоа со лажица. Некогаш тежеше 95 килограми, а сега 75.
– Секогаш кога ми беше досадно, јадев. Сепак, изминативе неколку месеци снимав нови песни, па немав време да трчам до фрижидерот. Се трудев секогаш да јадам нешто зготвено за ручек за да ослабам.
– Само што се префрлив на лажица, килограмите почнаа да исчезнуваат! За кратко време ослабев дури 20 килограми – вели раперот кој обожава да ги засука ракавите во кујната: – Сакам сам да подготвувам оброци, а кога не можам да направам, нарачувам. Ама веќе не нарачувам брза храна која дебелее, туку супи, сарма, грав… Тоа со мене го јаде и ќерка ми Тара. Ја избегнувам вечерата и се трудам да не јадам после седум часот навечер. Ако имам криза, јадам бадеми или лешници. Раста вели дека е одличен готвач!
– Можам да подготвам се, па дури и октопод на неколку начини. Кога сум со момците од тимот на турнеја, си готвиме еден за друг, затоа што сакаме да јадеме квалитетна храна. Музичарот секое утро прави склекови и медитира.
– Имам среќа што сум навикнат да вежбам. Забележав дека штом ќе ја намалам храната и ќе додадам некоја физичка активност, веднаш слабеам. Засега правам склекови и медитирам, но наскоро ќе одам во теретана и сериозно ќе работам со тренерот. Во наредниот период имам многу настапи, па ми треба кондиција. Ако сум дебел, нема да можам да се движам на сцена – вели тој, признавајќи дека се ослободил од сите пороци:
-Пиев многу Кока Кола.Тешко ми беше да ја исфрлам.Веќе не пијам ни алкохол бидејќи ме дебелее.Понекогаш пијам чаша нешто жеcтоко на настап, но и тоа ретко.
trong>Што јаде Раста?
Појадок: Овесна каша со вода и овошје
Ручек: Полнети пиперки и салата
Вечера: Омлет со зеленчук
Совет: Исклучете ги газираните сокови, алкохолот и шеќерот
kurir.rs