Младиот пејач од Македонија и момчето кое за време на своето учество во „Ѕвездите на Гранд“ со својот талент успеа да ги придобие симпатиите на публиката и членовите на жирито, Огнен Здравковски напорно работи на нова песна која наскоро треба да биде прикажана на јавноста.
Српските новинари го прашаа Македонецот дали има чувства кон некој од колегите, а неговиот одговор ги изненади.
-Кога станува збор за симпатиите кон колешките, искрено би можел да издвојам неколку од нив. Александра Младеновиќ ми е многу убава девојка, работи нaпорно, настапува и има одлични песни – искрено одговори пејачот за екипата на Grand.nova.rs
Огнен додаде: – Знам дека нејзиното момче беше Исак, но искрено не знам дали би можел да ја освојам. Никогаш не се знае – изјави пејачот и објасни што му е особено привлeчнo кај пејачката која плени.
– Александра е некако своја, има своја сила и енергија. Таа е многу искрена и многу слатка. Своја е, има нешто што другите го немаат – изјави Огнен.
Извор: GRAND.NOVA.RS