



Иако некои не го сакаат нејзиниот мирис, киселата зелка е неверојатна храна која ќе ве заштити од вируси.



Овој исклучително хранлив зеленчук содржи витамини А, Б, Ц, Е и К, минерали селен, калциум, калиум, магнезиум, а бидејќи не е калоричен, можете да го јадете колку што сакате.



Одличен е за имунитет и варење, а го нарекуваат и зеленчук против cтpес.



Расолот од кисела зелка, кој обично се споменува како одличен лек за мамурлакот по претераното пиење, е добра и за чистење на организмот, па често лекарите велат дека е „метла“ за желудникот и цревата.



Имено, млечно киселинските бактерии од кисела зелка ја одржуваат здрава цревната флора, а со тоа и целокупниот имунитет на организмот.



За да се зачуваат хранливите материи и пробиотиците, се препорачува да се јаде сирово, без готвење.