Трагични вести предмалку соопшти нaвивaчкaтa група Комити Скопје. Тие на нивната фејсбук страна информираа за смртта на младо момче и нивен член.
Ви го пренесуваме соопштението во целост:
„Го известуваме целокупното членство, како и сите навивачи и симпатизери на клубот, дека денес животот го загуби нашиот член Дарко Смоковски – Смок.
Не постои утеха која може да ја смири болката која во овој момент сите ние ја чувствуваме. Останува сеќавањето, остануваат многуте заеднички приказни на Запад запишани, и останува твојата насмевка по која беше препознатлив. Насмевка која ниту смртта не може да ја победи!
Упатуваме сочувство до семејството и до најблиските.
Дополнително ќе ги соопштиме информациите поврзани со погребот.
Дарко Смоковски – Смок (4.1.1999 – 20.12.2022)
Засекогаш дел од нас! 🔴⚫️“