Ова е мерцедесот на велешанецот Ангелче Николов со кој е усмртена 11 годишната Магдалена, а тешко повредена нејзината мајка.
Автомобилот стигна во полициска станица истиот ден кога и неговиот сопственик, осомничен дека го возел и ја предизвикал несреќата е уапсен. Тој два дена се криеше од полицијата. Вчера беше лоциран во населбата Превалец близу Велес, каде што живее, и е приведен.
– По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го лишија од слобода А.Н.(29) од Велес, кој на 17.12.2022 околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото.
Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава”, рече Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
(ФОТО) Ова е мерцедесот со кој е усмртена малата Магдалена во Велес