Tuesday, June 25, 2024
28.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Тажни вести: Се влошува состојбата на фудбалската легендата Пеле, ракот прогресира!

-Реклама-

Ракот со кој се бори бразилскиот фудбалски великан Пеле почна да прави сè посериозни проблеми, се огласи болницата во која се лекува 82-годишната фудбалска легенда. Некрунисаниот крал на фудбалот и единствениот играч во светот кој трипати го освоил Светското првенство, е во болница нешто повеќе од три недели. Неговата ќерка се огласи на социјалните мрежи за да ги извести фановите на Пеле дека Божиќ ќе го помине во болница.

„Би-Би-Си“ повикувајќи се на свои извори од болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло пренесува вест, во која се вели дека Пеле има „напреден карцином кој бара повеќе внимание во однос на бубрежната и срцевата дисфункција“. На Пеле му беше отстранет тумор на дебелото црево во септември 2021 година и оттогаш добива редовен третман.

„Нашиот Божиќ во домашни услови нема да се случи. Со лекарите решивме дека, од различни причини, подобро е да останеме овде со сета грижа што ни ја пружа ова ново семејство во болницата Алберт Ајнштајн“, напиша на Инстаграм ќерката на Пеле, Кели Насименто.

Веднаш откако беше примен, болницата во Сао Паоло соопшти дека Пеле „имал добар одговор на третманот за респираторни инфекции“ и додаде дека е подложен на „повторна евалуација на хемотерапијата“.

Пеле е најдобар стрелец на сите времиња во Бразил со 77 гола во 92 натпревари и учествувал во трите освоени Светски првенства во 1958, 1962 и 1970 година.

Реклама

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО