Жената, која на TikTok е позната како @crappy2happy, објави видео кое има 1,8 милиони прегледи.
Ако сте некој кој редовно става остатоци во пластичен сад, подгответе се за шoк.
Една жена објави видео на TikTok за да го открие нејзиниот паметен трик за чување храна во пластични садови, оставајќи многу корисници збунети како никогаш порано не помислиле на овој едноставен метод.
@crappy2happy Hack 5 is an oldie but a goodie! #cakehack #hacks #hacktime #lifehacks #lifehackstiktok #adulting #didyouknow #mustknow ♬ Elf – Main Theme – Geek Music
„Ако ги оставате остатоците, како парче торта, користете го капакот како долен дел. Потоа ставете го дното одозгора“, објасни таа и го покажа својот едноставен, но ефективен трик.
Наместо да направите xaoc обидувајќи се да собере парче торта во садот, таа го става на капакот. После тоа, уредно го користи дното на садот како капак. На овој начин многу полесно ќе ја извадите храната од садот кога ќе сакате повторно да ја јадете.