



Претседателот на германската Бундесбанка, Јоаким Нагел, очекува инфлацијата да биде силна закана дури од 2024 година.



– Ќе треба извесно време додека инфлацијата да го достигне нивото каде што припаѓа, а тоа е два отсто – изјави Нагел за телевизијата НТВ.



Тој посочи дека на земјите од ЕУ им претстојат уште неколку тешки месеци.



Нагел е убеден дека поради одлуката за ограничување на цената на гасот, во декември ќе биде видливо помал пораст на цените.



– Во јануари и февруари повторно ќе имаме малку повисока инфлација. Во текот на следната година инфлацијата во Германија ќе биде околу седум проценти. А од 2024 година стапката на инфлација јасно ќе се намали – рече тој.



sd.rs