Продолжува ДОЛГИОТ период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко.
По котлините и тоа особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност, со што и температурите преку ден ќе останат пониски.
Како минималните, така и максималните дневни температури во следните денови ќе бележат тенденција на пораст и ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ, односно максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.
И во Скопје продолжува стабилното и суво време. Особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 10 степени.
ЗА ВРЕМЕ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ ВРЕМЕТО ЌЕ БИДЕ СТАБИЛНО, СУВО И НЕ МНОГУ СТУДЕНО, ШТО ЗНАЧИ КАКО НА ПОНИСКИТЕ, ТАКА И НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА И ПЛАНИНИТЕ ( СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ) НЕМА ДА ИМА ВРНЕЖИ ОД СНЕГ И СНЕЖНА ИДИЛА.
Славчо Попоски најавува сончеви периоди и натпросечно високи температури!