Аријана уште еднаш јавно му оддаде почит на својот сопруг Синиша Михајловиќ кој почина на 16-ти декември на 53-годишна возраст.
Легендарниот фудбалер и тренер со години се бореше со леукемија, но за жал не успеа да победи.
Сопругата Аријана ги откри последните зборови на Синиша на Инстаграм.
„Никогаш нема да го заборавам овој момент кога рече дека си толку среќен. Наскоро полета кон небото“ – напиша Аријана на Инстаграм.
Нејзината посвета за Синиша предизвика големи емоции кај многу нејзини следбеници, кои и дадоа голема поддршка и утешни зборови во коментарите.