Sunday, June 16, 2024
17.8 C
Skopje

ТРАГИЧНА ВЕСТ: Hенадејно почина младиот Стефан Бонар

-Реклама-

Легендарниот УФЦ борец и член на Куќата на славните на најголемата ММА организација, Стефан Бонар, ненадејно почина на 45-годишна возраст.

Реклама

Бонар, кој е еден од најважните борци за подемот на УФЦ, имаше скор од 15-9 во текот на кариерата, но беше примен во Куќата на славните во 2013 година за сè што покажа во октагонот.

Како што пренесуваат американските медиуми, Бонар починал на работа од компликации на срцето.

Во ММА се бореше од 2001 до 2014 година, кога реши да ја заврши кариерата по два последователни порази. Во текот на кариерата се бореше и против великани како Џон Џонс, Андерсон Силва и Марк Колман, а најмногу ќе остане запаметен по борбата во финалето на првото издание на The Ultimate Fighter против Форест Грифин, иако беше поразен.

Бонар и Грифин потоа ја организираа, како што ја нарече Дејна Вајт, „најважната борба во историјата на УФЦ“, бидејќи тоа беше првпат УФЦ да се емитува во живо на јавно достапен ТВ-канал.

УФЦ беше на работ на колапс и беше продаден во пресрет на тој меч, а Бонар и Грифин изведоа една од најдобрите борби во историјата на УФЦ и ѝ заработија на компанијата милиони нови фанови. Грифин победи со едногласна одлука по три рунди, но УФЦ одлучи да ги награди двајцата бopачи со договори.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО