



Аца Лукас се огласи откако пред присутните изјави дека поради здравствени проблеми бил принуден да ги откаже настапите.





Пејачот Аца Лукас во текот на целата година работи и настапува низ целиот свет, а Новата година ќе ја дочека во Белград и ќе ја забавува својата публика во познат хотел во главниот град.





Сепак, тој неодамна многу ги загрижи своите обожаватели. Иако речиси никогаш не ги одложува или откажува настапите, Аца имаше висока температура во последните неколку дена, поради што мораше да откаже три концерти. Пејачот примал терапија и бил на инфузија, но неговата состојба не се променила, па бил принуден на овој потег.





Сега повторно се огласи и истакна дека се чувствува многу подобро и дека е подготвен да продолжи таму каде што застана и да приреди незаборавен дочек на белградската публика.





„Драги мои, еве ме пак, здрав како дренка… Фала му на Бога, се опоравив. Се е под контрола“, рече со насмевка во краткиот клип, најавувајќи дека се враќа на своите активности.





mondo.rs