Tuesday, July 16, 2024
25.8 C
Skopje

Како да го спречите прејадувањето за време на празниците?

-Реклама-

Празниците носат подароци – убавите и драги под елката, како и несаканите во форма на вишок килограми поради неиздржливост при јадење и пиење.

Сигурни сме дека сте решени да ги избегнувате овие несакани секоја година, но не ви оди премногу добро, затоа ви донесуваме десетина совети собрани од разговори со голем број нутриционисти.

Значи, ако ги прашате експертите, ова се клучните работи за витка линија во текот на празници…

Реклама

#1 Декларации – Кога купувате намирници за празничната трпеза, прочитајте ги декларациите и проверете колку содржат маснотии, шеќер и калории. На овој начин исто така ќе откриете која храна да ја избегнувате.

#2 Движење – Не седете повеќе од еден час. Ако седите, станете или одете најмалку десет минути.

#3 Помали порции – Не преоптоварувајте ја чинијата со храна (освен зеленчук, не можете да претерате со тоа). Размислете двапати кога сакате втора или трета порција.

#4 Маснотии – Изберете храна со малку маснотии. Ако не можете да избегнете маст, не користете сончогледово масло и маргарин, кои се крајно нездрави, наместо тоа изберете маслиново масло.

#5 Навики во исхраната – Јадете полека, концентрирајте се на храната, не претерувајте. Јадете на маса, избегнувајте прејадување пред ТВ. Уживајте во вашата храна.

#6 Пијалаци – Газирани пијалаци се полни со шеќер, а алкохолот е калоричен. Пијте вода, кисело или свежо исцедено сокови.

#7 Рутина – Обидете се да јадете во приближно исто време секој ден и држете се до тоа, дури и ако јадете двапати или пет пати на ден.

#8 Одење – Светската здравствена организација советува дека ако имаме намера да бидеме здрави и во добра форма, да одиме најмалку 10 000 чекори дневно, што е еквивалентно на 60-90 минути умерено вежбање. Денес има бројни апликации за мерење чекори (педометар), а може да набавите и паметен часовник што ќе ви помогне уште повеќе.

#9 Овошје и зеленчук – се препорачува дневно внесување на овошје и зеленчук најмалку пет пати на ден (околу 400 грама). Секогаш имајте банана, јаболко, морков или мандарина во домот.

#10 Здрави закуски – наместо чипс, бисквити и чоколадо, грицкајте овошје, семиња или нискокалорични јогурти.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО