



Една девојка го споделила своето искуство за личната хигиена и го наметнала прашањето: колку често треба да се тушираме?



Откако Алисон открила дека се тушира еднаш до два пати неделно, направила вистински хаос на социјалните мрежи. Многумина ја поддржале и се согласиле дека не треба да се бањаме почесто од тоа, додека други ја критикувале во коментарите, истакнувајќи дека ја занемарува хигиената.



Имено, 27-годишната Алисон од Бостон раскажала на ТикТок дека се тушира исклучиво кога сака да си ја измие косата, а тоа претежно е два пати неделно.



Алисон била убедена дека тоа што го прави е нормално, но исто така знаела дека за некои луѓе тоа би можело да биде одвратно. Сепак, го споделила видеото на ТикТок, со описот: „Дали сум одвратна, да или не“.



„Неодамна открив дека сум, всушност, одвратно човечко суштество и тоа е така затоа што повеќето девојки кога велат дека ја мијат косата два пати неделно, буквално мислат на миење коса, а се тушираат секој ден“, рекла таа.



„Јас се туширам само еднаш или два пати неделно. Знаев да се туширам и на секои пет дена. Бидејќи ако одам да се туширам, ја мијам и косата. Зошто би одела под туш и не би ја измила и косата?“, додала таа.



Видеото набрзо станало вирално и собрало голем број лајкови и дури 6,1 милиони прегледи.



Што велат експертите?
Како што тврди експертот за лична хигиена, инфектологот Елејн Ларсон од универзитетот Колумбија, секојдневното туширање и не е толку добро за нас. Поточно, за нашата кожа.



„Луѓето веруваат дека со честото туширање ќе бидат почисти. Меѓутоа, од бактериолошка гледна точка, тоа и не е многу точно. Освен тоа, колку почесто се бањате, толку поголема е веројатноста дека ќе имате кожна инфекција. Со туширањето се отстранува заштитниот слој маснотии од телото, што на бацилите им олеснува да продрат во кожата и да направат проблем“, открила таа.