Tuesday, June 25, 2024
28.8 C
Skopje

ОЧИ ВО ОЧИ: Жител на Кочанско Оризари очи во очи се соочил со волк кој упаднал во неговиот двор!

-Реклама-

Сашко Арсов педесет и едногодишен жител од кочанската населба Оризари попладнево yбил волк што му влегол во дворот од семејната куќа.

Сашо раскажа дека дивото животно непријатно го изненадило, нормално бидејќи не очекувал блиска средба со него во централниот дел на населбата, а во тој момент по улицата во која живее поминувале деца и други луѓе. Како што тврди само присебноста му помогнала да го совлада волкот и да избегне сериозни повреди.

Во моментот кога го забележав помислив дека се работи за куче од расата германски овчар кое шета со другите бездомни кучиња во населбата. Кога почна да ми приоѓа сфатив дека се работи за млад волк, кој се симнал од падините на планината и влегол во дворот. Успеав да го шутнам со ногата и да го оддалечам за миг, а потоа со камен и стап што случајно ги најдов во близина, го удрив неколку пати во пределот на главата. Вознемирен сум од случката и не сакам ни да помислам за можните последици ако животното се појавеше навечер или пак ако наидеше некое дете или жена, истакна Арсов.

Жителите на Оризари потврдија дека во изминатите неколку вечери во близина на населбата слушнале завивање на волци, кои најверојатно во потрага по храна се симнуваат од Осоговијата. Загрижени се за сопствената безбедност и бараат реакција од надлежните ловочуварски служби.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО