Бoлeста не била единственото злo, детето на Синиша и Аријана Михајловиќ починало пред три години

0
440


За жал, детето на Синиша и Аријана Михајловиќ не преживеа.

Нeшто повеќе од една недела целиот свет го потресе веста за смртта на фудбалската легенда, која замина од овој живот прерано, на 54 години. Синиша Михајловиќ беше светски човек, а на неговиот погреб беше јасно колку голем човек и фудбалер бил. Целата италијанска и српска јавност со денови се сеќаваа на фудбалските подвизи на Михајловиќ, а она за што живеел покрај фудбалот секако е неговото семејство.

Но само неколку месеци откако дозна дека боледува од леукемија, следувал нов стрес – шестото дете на Синиша и Аријана Михајловиќ кое било на пат, за жал, убавата италијанска водителка не можела да го износи докрај. Непосредно пред својот 50-ти роденден, Михајловиќ проговори за оваа болка:

Пред нешто повеќе од една година, јас и Аријана очекувавме уште едно дете. За жал, бременоста беше прекината. Да имаш дете на 50 години е слично како на почетокот, повторно се чувствуваш млад. Мојата сопруга страда поради тоа, знам, гледам.

Во болката, гледам дека можеби имавме се’ како родители. Можеби уште едно дете ќе беше предизвик за времето, замислено призна тогаш Михајловиќ.