



Во сезоната на настинки и грип не мора секогаш да се трча во аптека.



Овој напиток ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот и да ги ублажите симптомите од здодевната настинка и грипот, а се прави за само 2 минути.



Ќе ви бидат потребни:
• 1 црвен или жолт грејпфрут
• 2 портокали
• 1/4 лимон со кора
• половина шолја за кафе вода
• малку рендан ѓумбир
Сите состојки ставете ги во блендер и пулсирајте ги околу две минути.
Подготвениот напиток пијте го наутро и навечер, во интервал од 10 дена.