Tuesday, September 10, 2024
17.8 C
Skopje

Сокот кој сите го пиеме и го уништи црниот дроб: Лекарите мислеа дека е тешка алкохоличарка, а она алкохол нема ниту пробано

-Реклама-

Заболувањата на црниот дроб најчесто се поврзуваат со алкохоличари, но случајот на оваа жена не го потврдува ова правило

Кога Алисон Џонсон се пожалила дека има проблеми со црниот дроб, луѓето автоматски претпоставуваа дека пиела многу алкохол. Сепак, ова не може да биде подалеку од вистината.

– Никогаш не сум била алкохоличар. Најмногу што би пиела е едно до две пива неделно. Моите проблеми со црниот дроб всушност се сведуваа на прекумерна тежина и не вежбање – изјави Алисон за Дејли Меил.

Нејзиниот црн дроб бил толку оштетен во 2017 година што и било кажано дека ако не ослабне, ќе yмре во рок од две години. За среќа, тоа не се случи.

Ризикот од развивање на таа втора форма на заболување на црниот дроб е особено висок кај оние кои се со прекумерна тежина, не вежбаат, пушат, имаат покачен холестерол или крвен притисок, како и кај жени со синдром на полицистични јајници.

Како дополнителна причина се споменуваат зашеќерените пијалоци, односно соковите. Токму тие можат да предизвикаат акумулација на масните клетки во црниот дроб и, во некои случаи, може да ескалираат до воспаление и лузни на црниот дроб. Исто така, се наведува како навидум безопасниот сок од портокал може да биде исто толку виновен како црвеното вино.

Алисон најчесто пиела сок од портокал, пет или шест чаши дневно.

Друга причина за загриженост е тоа што оваа болест, која порано најмногу ги погодувала луѓето во 40-тите и 50-тите години, сега се повеќе ги погодува тинејџерите и децата. Во повеќето случаи, болеста нема симптоми, па многу луѓе не се свесни дека ја имаат.

Обично се дијагностицира кога се прават тестови на крвта за да се провери дали има нешто друго, а потоа покажуваат покачени нивоа на ензими на црниот дроб (што укажува на оштетување на клетките на овој орган). Само последователен преглед, како што е ултразвук, може да покаже „замастен“ црн дроб.

Алисон ја доби својата втора шанса. Денеска се храни здраво, тренира многу напорно и ја одржува тежината и шеќерот во крвта на оптимално ниво.

– Повеќето луѓе немаат поим дека имаат замастен црн дроб и ќе кажат дека се чувствуваат добро кога ќе им биде поставена дијагнозата. Дури во подоцнежните фази почнуваат да чувствуваат симптоми како што се жолтица, болки во стомакот, оток, темна урина, темна столица и чешање – изјавил професорот Фалофилд за Дејли Меил.

Реклама

najzena.rs

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО