Tuesday, July 9, 2024
28.8 C
Skopje

(ФОТО) Родена е како порцеланска кукла и ѝ кажале дека ќе живее само 1 година: Еве како изгледа денес!

-Реклама-

Најмалото девојче на светот ги изненадило сите со својот изглед, лекарите ѝ прогнозирале една година живот, но таа ги побила

Реклама

Кога се родило, најмалото девојче на светот го добило епитетот порцеланска кукла. Имено, Ема Њуман и Скот Гарсајд во 2007 година ѝ се радувале на бременоста на Ема и нетрпеливо чекале да пристигне на свет нивното четврто дете.

-Реклама-

Сè одело добро, сите во семејството му се радувале на бебето, а потоа еден ден ненадејно започнало породувањето и Ема се породила 4 недели пред терминот. Семејството особено се шокирало што Шарлот Гарсајд била премногу мала кога се родила, била тешка само 30 г и долга 25 см.

-Реклама-

Веднаш по раѓањето ја прогласиле Шарлот за најмалото девојче на светот, додека многумина биле воодушевени од нејзиниот изглед. Со текот на времето, нејзиното здравје почнало значајно да се влошува.

Лекарите дијагностицирале дека малата Шарлот има синдром на „примордијален дворфизам“, многу редок генетски облик на вроден дворфизам, поради што нејзиното тело се развивало значително побавно одошто би требало.

Според некои податоци, во светот се забележани околу 200 случаи на овој синдром. Докторите ѝ прогнозирале краток животен век на малата Шарлот, проценувајќи дека едвај ќе живее подолго од една година. Меѓутоа, Шарлот го докажала спротивното.

Во моментот кога се родила била толку мала што морала да носи облека за кукли, а дури откако пораснала почнала да носи облека за бебиња. Шарлот некое време ги впивала хранливите материи преку цевка, бидејќи била премлада за да ја џвака и вари храната.

На свои 5 години, Шарлот достигнала тежина од 4 кг и висина од 68 см. И покрај тоа, таа е многу активна, весела и се дружи со сите. Без страв и вина, Шарлот оди на училиште со своите врсници и учествува во друштвените активности.

„Кога првпат се сретнавме, сите се плашевме дека ќе ја повредиме ако дојде до каков било контакт или допир, но во реалноста, Шарлот е многу темпераментно дете. Таа никогаш не седи мирно и обожава да си игра и да жонглира во воздух“, рекла мајка ѝ Ема.

Шарлот денес има 14 години, а многумина шпекулираат дали е сè уште жива, бидејќи не се појавува во медиумите. Таа на многумина им стана инспирација дека сè во животот е возможно и дека треба да се бориме.

Малото девојче стекнало и голем број луѓе што ја обожаваат и сакаат да знаат што повеќе за нејзиниот живот и навиките што ги има.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО