„Касандра“ е веројатно најгледаната латиноамериканска теленовела на сите времиња во овој регион.
Еден од ликовите што гледачите и денес го паметат е Ранду, фрлачот на ножеви во циркусот. Касандра беше неговата ветена невеста и тој беше смртно вљубен во неа.
Улогата на Ранду ја имаше Хенри Сото, кого публиката имаше можност да го погледне во сериите како „Се за твојата љубов“, „Слатка илузија“, „Чисто срце“, „Луиза Фернандо“ и други, иако публиката во нашиот регион секогаш ќе се памети по неговата улога во познатата „Касандра“.
Сото сега глуми во театар и се занимава со хуманитарна работа, а од време на време на социјалните мрежи споделува фотографии и видеа од снимањето на „Касандра“, а очигледно оваа улога му останала во добро сеќавање.