За време на стара Југославија, во првите денови од есента се правела и овошна туршија. Најчесто се собирале диви овошни плодови и шумски плодови кои по темелно миење се ставале во буриња и се киселеле. Добиениот пијалак според многумина бил чист „еликсир на здравје“.
Се верувало дека ако редовно го пиете овој здрав ферментиран пијалак, можете да доживеете убава и длабока старост.
Но, зошто овошната туршија е толку здрава?
Овошната туршија е полна со ензими, минерали и витамини, и обично се подготвува во октомври и ноември. Богата е со витамин Ц и антиоксиданти, а во зима е ефикасна заштита од грип и настинка.
Тоа помага при:
Проблеми со мокрењето
Со варењето
Кашлање
Го забрзува метаболизмот
Ја чисти крвта од холестерол
Лечи мамурлак
Потребно е: шипка, смрека, дива круша, диво јаболко, глог, диви сливи, боровинки…
Начин на приговување: Овошјето мора да се бере далеку од патишта и загадувањето. Добро исчистете го и измијте го. Истурете го измиеното и исчистено овошје во чисто буре, а потоа истурете филтрирана или изворска вода. За 4 килограми овошје одат 10 литри вода.
Затворете го бурето и оставете го да отстои околу 15 дена. Кога пијалакот ќе почне да „се скиселува“ тој е подготвен за пиење.
Овошната туршија се пие така што се зема малку сок, течност, се додава една лажичка мед и се консумира по потреба. Ако туршијата ви е јака, додадете малку вода во чашата. Можете постојано да додавате вода во бурето: додадете вода колку што ќе испиете и оставете да отстои.