Шпанскиот медиум „El Confidencial“ изнесе шокантна вест, за апсењето на неколку фудбалери на Реал Мадрид за време на денешниот тренинг. Клубот не чекаше и веднаш се јави преку официјално соопштение.
„Кралевите“ открија дека натписите се вистинити, меѓутоа се работи за еден фудбалер од Реал Кастиља (вториот тим) и тројца играчи од Реал Мадрид Ц кои се млади. Причината за нивното приведување на информативен разговор е ширење на приватно видео со порнографска содржина.
„Реал Мадрид сака да ја извести јавноста дека дозна дека еден играч од екипата Кастиља (Реал Б) и три фудбалери од Реал Ц, дале изјави во на шпанската полиција во врска со пријава за наводно ширење на приватно видео на социјалните мрежи. Клубот ќе превземе мерки кога ќе има детални сознанија за случувањата“, стои во соопштението.
Official Announcement.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) September 14, 2023
Сепак, во соопштението не е објаснето дали фудбалерите биле приведени за време на тренинг на екипите. Овој скандал привлече огромно внимание од јавноста во Шпанија, а доколку се потврди како вистинито, играчите на Реал ги очекува казна.