Ракот на грлото на матката е малигно заболување кое се развива во делот на матката што се отвора во породилниот канал. Тоа се случува кога се случуваат неповратни промени во клетките што го обложуваат грлото на матката и тие почнуваат да растат неконтролирано, во огромното мнозинство на случаи поради долготрајна инфекција со високоризични типови на хуман папиломавирус или ХПВ.
Но, како да препознаете дека се работи за овој вид на рак? „Сан“ пишува дека постојат неколку суптилни знаци кои повеќето жени ги игнорираат, а кои може да укажуваат на рак на грлото на матката.
Овие симптоми го вклучуваат следново:
-крварење или болка после сексуален однос
-крвав вагинален исцедок
-крв во урината
-крварење помеѓу менструацијата
-менструации кои се потешки и поболни од вообичаеното
-секое вагинално крварење по менопаузата
-стомачни болки
Како што објаснуваат гинеколозите, иако овие симптоми не мора да значат дека лицето боледува од рак на грлото на матката, но, кога ќе се појави некој од нив, неопходно е да се направи контролен преглед за да се исклучат какви било компликации. Навремената дијагноза може да даде успешни резултати во лекувањето на оваа болест, додаваат лекарите.