Под влијание на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ, во следните десетина денови во Македонија продолжува така нареченото “Мини лето”.
Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Само во четврток и во петок ќе има малку повеќе облачност и тогаш ќе има услови за појава на сосема слаб, локален и краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Наутро ќе биде свежо и минималните температури на воздухот на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, а во Малешевијата тие ќе се спуштаат и до околу 2-3 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.
Во Скопје и околината продолжува стабилното и суво време со свежи утра, и пријатно топло време преку ден. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 8 и 12 степени, а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 24 и 27 степени.
Мини летото продолжува и во следните десетина денови, што значи дека нема поголемо заладување на времето, а вие ваквото време можете максимално да го искористете за правење на зимница.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!