Monday, April 15, 2024
27.8 C
Skopje

Што значи ако сонувате дека партнерот ве изневерува?

-Реклама-

Паника од другата страна на перницата: Што значи ако сонувате дека партнерот ве изневерува?

Реклама

Во потрага по место

-Реклама-

Барањето место за препуштање на страстите може да значи недостаток на интимност во врската, а може да симболизира монотонија во вашиот сексуален живот и дека не сте сигурни за иднината на вашата врска.

-Реклама-

Со бивши

Сексот со бившите може да биде многу вознемирувачки или да предизвика вина ако имате нов партнер. Ваквите соништа не се невообичаени бидејќи се резултат на потсвесна споредба на старата со новата врска. Доколку сте сами, постои можност таквите соништа да се резултат на нерасчистени односи со поранешниот партнер.

Странец во кревет

Странец во кревет обично значи досада и желба за нова возбуда во животот. Тоа може да биде сигнал да се опуштите повеќе, да ризикувате и да станете спонтани – затоа што не знаете каде може да ве однесе. Ако таков сон е непријатен, тоа може да биде предупредување дека чувствувате опасност во реалниот живот.

Во јавност

Сексот во јавност има двојно значење. Според првото, станува збор за барање одобрение од околината за избор на партнер. Според второто, тоа значи дека му се восхитувате на некој квалитет на вашиот партнер, па би сакале и самите да бидете малку повеќе такви.

Тројка

„Тројката“ е симбол на желбата за поголема поддршка во животот, но и на нарушена самодоверба. Ако жената е доминантна во сон, тогаш можно е нешто да ви недостасува на емотивното поле на животот.

Истиот пол

Хомосексуалните соништа ако сте хетеросексуалци, не се воопшто ретки, истакнуваат експертите. Тие обично откриваат потсвесна желба – ако сте жена, потребата за повеќе нежност во животот, а ако сте маж, потребата за повеќе акција и решителност.

Прељуба

Мамењето во сон може да ви создаде проблем во реалноста, но многу ретко го има истото значење во реалниот живот. Аналитичарите од соништата објаснуваат дека тоа претставува страв од емоционално напуштање, дека партнерот ќе се одљуби или ќе ја раскине врската.

Несоодветно

Сексот со некој несоодветен, без разлика дали тоа е сопругот на вашата пријателка, роднина или вашиот шеф, значи дека сте заинтригирани од личноста на оној за кој сте сонувале или сте паднале во рутина до тој степен што подобро би направиле нешто драстично за да ја промените ситуацијата во вашиот љубовен живот.

Славна личност

Славната личност во кревет е всушност идеалот што го барате кај партнерот. Покрај тоа, таквите соништа можат да ја претставуваат вашата желба другите луѓе да ве ценат повеќе, да го забележат вашиот напор или уникатност.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО