Со симулација на прва помош при итна ситуација – земјотрес, Црвениот крст вчера кај Градски Парк во Скопје ја одржа вежбата „Хуманитарен одговор 2023“.
Целта на вежбата е да се претстават капацитетите, можностите и подготвеноста на Црвениот крст на Македонија.
Претседателот Стево Пендаровски во обраќањето истакна дека ова вежба ги покажа сите позитивни страни од партнерството меѓу државните институции и граѓанските организации, како и интерсекторската поврзаност и меѓуинституционалната соработка.
-Токму како настани како денешниот се отвора простор за унапредување на координацијата и на комуникацијата како клучни аспекти во системот на кризниот менаџмент, посочи Пендаровски.