ОВЕН
Сонцето во Шкорпија прави тригон со Сатурн на 24 октомври, што значи дека можете да ги завршите оние активности кои долго сте ги одложувале. Ова особено се однесува на финансиите, кредитните картички или заемите. Вашиот планетарен владетел Марс сега е во Шкорпија што ви носи постудена енергија, но и можност да се ослободите од потребата да имате контрола над сите ситуации. На 28 октомври, лунарната еклипса ви помага да направите чекор напред и да изградите нов почеток за себеси.
БИК
Сонцето во Шкорпија прави тригон со Сатурн на 24 октомври, што ви носи леснотија да среќавате нови луѓе, особено на полето на работата. Во овој период, лесно можете да најдете бизнис партнер, добар соработник, па и ментор и да се искачите повисоко на професионалната скала. На 28 октомври, лунарната еклипса е во вашиот знак, што ќе ве ослободи од тешката енергија на лично поле. Оваа недела ви носи енергија како да почнувате нов почеток, односно како да се раѓате повторно.
БЛИЗНАЦИ
Сонцето влегува во Шкорпија во понеделник, поттикнувајќи ве да се посветите на темите поврзани со здравите навики. Во вторник, Сонцето во Шкорпија прави тригон со Сатурн што ќе ве направи лидери на работното место. Веројатно ќе бидете назначени како лидер на некој проект или пак ќе направите значаен напредок во тимот. Комуникацијата е особено интензивирана и позитивна овој период. На 28 октомври, лунарната еклипса во Бик го осветлува вашето поле на духовност и ви носи крај на некоја фаза во вашиот живот. Ова е одличен период за вас.
РАК
Сонцето влегува во вашиот сестрински знак, Шкорпија на 23 октомври што ќе ви донесе возбуда и авантура во вашиот живот. Бидете отворени за нова љубов и креативност. Сонцето прави тригон со Сатурн во вторник, па така, ако сте сакале да патувате или пак размислувате за работа надвор од државата, важно е да се посветите на тоа, бидејќи ве очекува успех на ова поле. Лунарната еклипса во Бик на 28 октомври носи големи и драматични промени во вашиот социјален живот. Можно е да откриете некои чувства, а можеби и вистини кои долго биле скриени под површината.
ЛАВ
Ова не е најлесна недела за вас, бидејќи вашиот Лав прави квадрат со Синцето, Меркур и Марс кои се во знакот на Шкорија. Дишете длабоко и занимавајте се со физичка активност за да се ослободите од стресот. Во вторник, на 24 октомври, Сонцето во Шкорпија прави тригон со Сатурн. Веројатно ќе имате потреба да седнете со близок член на семејството и да дискутирате долгорочни дискусии, како наследство и други важни прашања.
ДЕВИЦА
Сезоната на Шкорпиите започнува на 23 октомври, во понеделник. Дополнително, Сонцето, Меркур и Марс се здружуваат во Шкорпија и ви помагаат подобро да комуницирате со другите. Оваа недела, дозволете си себеси да бидете водени од имагинацијата и креативноста. Лунарната еклипса во Бик на 28 октомври ви носи чувство на ставање крај на нешто што траело во изминатите две години. Некои Девици ќе се запишат на дополнителни студии, а други ќе се решат за да започнат свој бизнис. Ова е сосема ново патување за вас.
ВАГА
На 24 октомври, Сонцето во Шкорпија прави тригон со Сатурн, што става фокус на вашиот сектор на финансии. Тоа ќе ви помогне да видите што функционира за вас, особено од аспект на буџетот, финансиите и приходите. Ова е добар момент да обрнете внимание на овој дел и да утврдите како ќе продолжите понатаму.
Вагите уште размислуваат за некои откритија од соларната еклипса во нивниот знак, но сега на 28 октомври ни доаѓа лунарната еклипса во Бик, која може да направи да се чувствувате малку несигурно. Важно е да ја задржите хармонијата и позитивниот пристап и да сфатите дека што и да чувствувате е само фаза.
ШКОРПИЈА
Вашата сезона започнува во понеделник, на 23 октомври, што ја зголемува вашата харизма и самодоверба, но и критичко размислување. Ден потоа на 24 октомври, Сонцето во вашиот знак прави тригон со Сатурн што е одличен ден за некоја професионална можност. Другите ја забележуваат вашата самодоверба и стануваат свесни за вашата моќ.
СТРЕЛЕЦ
На 24 октомври, Сонцето прави тригон со Сатурн и ви носи нови клиенти и соработници. Ако сте имале идеја да започнете бизнис, овој ден е совршен за тоа. Но, можно е да бидете почувствителни од вообичаено, па затоа, важно е да не дозволувате да ве погодуваат коментарите од другите луѓе. Сонцето и Меркур влегуваат во Шкорпија оваа недела, здружувајќи му се на Марс, а тоа за вас значи духовност, одмор и нови навики. За вас, сезоната на Шкорпиите е период на хибернација, пред вашата сезона.
ЈАРЕЦ
Во вторник, на 24 октомври, Сонцето прави тригон со вашиот владетел Сатурн. Сега конекциите се активирани и овој транзит ви носи нови луѓе, групи, оргнизации и соработки. Имате голем потенцијал да сретнете луѓе кои ќе ви помогнат во вашата кариера, па дури и да започнете нова љубовна врска. Луѓето едноставно гравитираат кон вас. Сатурн беше ретрограден во вашиот знак во изминатите четири месеци во вашиот сектор на комуникацијата, што значително ги менува работите, оваа недела. Меркур и Сонцето влегуваат во Шкорпија и ве прават уште поселективни кого пуштате во својот живот, кога станува збор за пријателствата.
ВОДОЛИЈА
Почетокот на сезоната на Шкорпиите на 23 октомври ќе ве извади од вашата сигурна зона и ќе ве поттикне да се посветите на сосема нови нешта, нешто што не сте го пробале досега. Во вторник, на 24 октомври, Сонцето прави тригон со вашиот владетел Сатурн. Тоа значи дека сега вашиот сектор на кариера е осветлен, а вие имате успех на ова поле. Доаѓаат нови можности, а можно е и унапредување или нова работа. Лунарната еклипса во Бик на 28 октомври носи дополнителна непредвиливост во вашиот живот, но најдете трпение за да видите што доаѓа за вас.
РИБИ
Сатурн го завршува своето четиримесечно ретроградно движење во вашиот знак. Почетокот на сезоната на Шкорпиите на 23 октомври би можела да ви донесе значано олеснување, бидејќи ви помага да дојдете до експанзија во овој период. Ако бевте заглавени во своите мисли во изминатиот период, сега тоа се менува и време е да се поврзете со нови луѓе и култури.
Лунарната еклипса во Бик пристигнув на 28 октомври, што ве насочува кон себеси, но и начинот на тоа како комуницирате со другите.