Tuesday, May 21, 2024
21.8 C
Skopje

Денеска се слави Св. апостол Филип: Еве што треба да направите на овој ден

-Реклама-

Денеска се слави Св. апостол Филип: Еве што треба да направите на овој денРодум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога Светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, Св. апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн. Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Св. Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија. Потоа ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, кадешто оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Тралија. Се упокои мирно во длабока старост.

Реклама

Тропар

-Реклама-

Апостоле Христов Филипе, тебе Господ ти дарува пород од телото, и преку тебе Духот Свети приведе мнозина кон спасение, Христов чудотворче, на ангелите собеседниче, моли се пред Спасителот во борбата да не омлитавиме.

-Реклама-

Народни верувања

Според старото народно верување, на овој ден треба да подготвите богата вечера и да се радувате со семејството.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО