Tuesday, July 9, 2024
28.8 C
Skopje

Намирници од кои уште повеќе сте гладни

-Реклама-

Дали знаете дека некои намирници ве прават уште погладни? Не во моментот, но набрзо по консумирањето. Гладот е резултат на сложената интеракција помеѓу стомакот, цревата, мозокот, панкреасот и крвотокот. Овие намирници можат да ви создадат чувство дека сте гладни иако вашиот стомак е полн.

Реклама

Брза храна

-Реклама-

Полна е со празни калории и засилувачи на вкусот, затоа по еден хамбургер ќе посакате друг. Иста е работата и со чипсот. Во брзата храна има и штетни транс-масти кои создаваат холестерол и голема количина шеќер кој само ќе ви даде краткотрајна доза енергија.

-Реклама-

Тестенини

Оние од бело пченично брашно немаат нутритивна вредност. Не содржат влакна кои ќе ве нахранат, па колку повеќе ги јадете – толку повеќе сакате да јадете. Затоа бирајте тестенини направени од цело зрно житарки како хељда, пченка или киноа.

Овошни сокови

Иако на нив пишува дека не содржат шеќер, вистината е поинаква – полни се со шеќери. Кога пребрзо пиете преголема количина, нивото на шеќер во крвта се крева, а потоа следи пад поради кој ќе почувствувате глад.

Една чаша сок заменете ја со портокал или грејпфрут.

Снегулки

Тие се мали шеќерни бомби кои не се богати со влакна. Краткотрајно ќе го залажат желудникот, а подобро е да консумирате овесна каша со незасладени снегулки во кои може да додадете свежо овошје.

Ако сакате повеќе овошје додадете рендано јаболко, банана или боровинки.

Солени грицки

Полни се со сол и предизвикуваат дехидрација, па ќе го збуните телото кое ќе мисли дека е гладно, а всушност е жедно. Ако сепак ги сакате премногу за да ги исфрлите од исхраната, потоа пијте вода.

Оние кои се спремни да се откажат, можат да ги заменат со ореви, бадеми, индиско оревче, фстак – храна со здрави масти и калории.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО