Состојки:
3 јајца
120 гр бело чоколадо
120 крем сирење (намаз со сирење)
Подготовка:
Подготовка:
Најпрво растопете го чоколадото на пареа и додадете го крем сирењето. Тргнете ја смесата од пареата, додадете ги жолчките од јајцата и убаво измешајте. Белките изматете ги во друг сад. Кога ќе бидат убаво изматени постепено додавајте ги во смесата и мешајте. Калапот за печење обложете го со хартија за печење и во него ставете ја смесата.
Печете на 170 степени околу 15 минути, а потоа намалете на 160 степени и печете уште 15 минути.
Кога колачот ќе биде готов, исклучете ја рерната, но оставете го внатре уште 15 минути. Кога ќе го извадите од рерна, оставете да се излади, па посипете со шеќер во прав.
Добар апетит!