Македонскиот фудбал во ова саботно коло понуди повеќе „возбудувања“. Едно од нив е и во Македонска Каменица, каде навивачи се тепаа на натпреварот меѓу екипите на Саса и на ГФК Охрид.
Снимката ја објави телевизијата „Мнет“ која го емитуваше овој натпревар во живо. Пред самиот крај избувна тепачка на трибината на стадионот во Македонска Каменица, а при тепачката се запалија и факли.
Министерството за Внатрешни Работи сигурно ќе има работа по овој иницидент, а можна е и санкција за клубовите поради фановите.