На концертот на нашата пејачка Калиопи, во белградската сала МТС загина една жена, јавуваат српските медиуми.
Станува збор за 70-годишна жена која на концертот пристигнала со своите пријатели и ќерката. Таа наеднаш изгубила свест и колабирала, поради што веднаш била повикана брза помош. Се обиделе да ја реанимираат во салата, но безуспешно.
По немилиот настан започна евакуацијата на останатите присутни од салата.