Friday, December 1, 2023
4.8 C
Skopje
spot_img

Попоски најавува нова тура дождови: Ни следуваат ладни утра со минимални температури!

-Реклама-

По преодната стабилизација на времето која настапи кај нас, веќе од денес и тоа поради продор на влажен воздушен бран од Атланиток, кај нас се очекуваат нови врнежи од дожд, локално и обилни, особено во западните и во северните предели и проследени со засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Реклама

Потоа во четврток повторно ќе има краткотрајна стабилизација на времето, додека во петок, како и за време на викендот повторно очекуваме врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи.

-Реклама-

Овој пат поради продорот на постуден воздушен бран од северен, на високите планини ќе има и врнежи од снег. Снежната граница ќе се наоѓа од 2000 метри па нагоре, а не се исклучува можноста повремено во северозападните предели таа да се спушти и под 2000 метри.

Повторно до самиот крај на оваа недела локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).

Температурите во следниот период ќе опаднат за 3 до 7 степени во споредба со сегашните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени, додека во најтоплите југоисточни предели тие повремено ќе се искачат и до 20 степени.

Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кои насекаде ќе се спуштаат под 10 степени, а во Малешевијата и под 5 степени, повремено и до околу 0 степени, со што во овој дел од Македонија е можна појава на слаб мраз.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

- Реклама -

ПОПУЛАРНО