Пријовиќ заработила баснословна сума на пари од песните од нејзиниот последен албум.
Александра Пријовиќ со месеци е на насловните страници поради големиот успех на турнеите низ регионот. И додека пишуваат за концертите, стајлингот, емоциите и атмосферата што се случува во преполните сали, многумина се прашуваат колку пејачката ќе заработи од турнејата.
Иако имаше многу шпекулации за нејзината заработка, па бројките се движеа од половина милион евра по град до 900.000 евра, Александра не се огласи, но сега на својот Инстаграм профил јавно ја сподели информацијата дека нејзиниот албум кој е објавен во средината на ова досега е прегледана 150.000.000 пати.
Ако се земе предвид дека нејзиниот канал на YouTube е монетизиран и дека песните се во нејзина сопственост, Пријовиќ заработила огромна сума на пари од музичката платформа. Како што може да се види на интернет, од еден милион прегледи на споменатата платформа, изведувач може да заработи 1.000 евра, што значи дека Александра само од YouTube заработила дури 150.000 евра.