(ФОТО) Падна првиот обилен снег во регионот – еве кога се очекува во Македонија

0
327

Иако каледнардски зимата уште не почнала, на планините во Хрватска и во Босна и Херцеговина утрово паднаа првите снегулки.

Како што објави Метеоролошкиот центар од Хрватска, промената на времето пристигна во оваа земја, а со тоа и снегота.

Околу Госпиќ утрово падна снег, а на Платак веќе наврна поголемо количество снег. Првиот снег оваа есен паѓа на планините во Далмација. Утрово снег паѓа на Динара, Камешница и Биоково, а снегулки имаше и на врвот Свилаја и Мосор.

Во Босна и Хецеговина забела планините Јахорина и Бјелашница, каде температурата на воздухот утринава беше под нулата, додека, судејќи по директните камери од планините, на Требевиќ и Игман не се видливи снегулки.

Иако скијачките терени побелеа, снегот не се очекува да потрае. Сепак, скијачките центри очекуваат добра сезона за која интензивно се подготвуваат.

На планините во Македонија снег се најавува на почетокот на следната недела, кога се очекува пад на температурите.